Контакт

Црна хроника

Двајца прилепчани краделе во Скопје

Објавено пред

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.В.(28)  и Д.М.(24) и двајцата од Прилеп  поради основано сомнение дека извршиле кривично дело ,,тешка кражба“, при што се здобиле со противправна имотна корист од околу 60.000 денари.

dobivaj vesti na viber

 

 

Од страна на судија во  претходна постапка на првопријавениот одредена му е мерка притвор во траење од осум дена, додека второпријавениот е во бегство.

 

Пријавените на 17ти месецов, околу 15.00 часот извршиле тешка кражба од стан лоциран на булевар ,,Јане Сандански“, на тој начин што откако претходно се договориле да извршат кражба, дошле во Скопје, влегле во влезот во зградата, се качиле на првиот спрат и пријавениот К.В. се упатил до влезната врата од станот, а во исто време второпријавениот се упатил према влезната врата од соседниот стан со цел да внимава да не наиде некој. Д.М. на влезната врата во пределот на окното за гледање (шпиунка) се посомневал дека има поставено безбедносна камера, по што го предупредил првопријавениот и истите заедно со помош на тврд предмет кој го носеле со себе насилно делувале на видео камерата која била поставена во окното за гледање на влезната врата на соседниот стан, при што истата ја оштетиле, меѓутоа  и покрај оштетувањето  камерата продолжила да снима.

 

Пријавените откако го извршиле оштетувањето на камерата, мислејќи дека истата не снима, дошле до влезната врата на првиот стан и откако претходно се увериле дека во станот нема никој, односно повеќепати звонеле на ѕвоното, ставиле раквици со цел да не остават траги, а К.В. со помош на подесен клуч (калауз) кој го носел со себе, делувал на цилиндерот од влезната врата, кој без да го оштети ја отклучил и отворил по што пријавените влегле во станот. По извршеното претурање и пребарување пронашле и украле златни пари и накит како и странски пари (евра и бугарски левови) и без да бидат забележани од никого го напуштиле станот во непознат правец.

 

Врз основа на претходно издадена наредба од ОЈО, полициски службеници од  одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Кисела Вода, Аеродром, Драчево го подигнале видео записот од безбедносната камера поставена на влезната врата од соседниот стан, извадени се фотографии, кои се споредени со фотографии од евиденции на МВР при што е утврдено дека се работи за пријавените, кои се познати сторители на вакви кривични дела. По претходно  распишана телеграма за лишување од слобода, на 24ти месецов К.В. е пронајден и приведен во Битола, а додека второпријавениот е се уште во бегство. При приведувањето кај пријавениот пронајдени се осум банкноти од по 50 евера  и еден мобилен телефон , кои со потврда се одземени и за кои постои можност дека дел се пари кои се украдени од станот, а останатите дека потекнуваат од продажбата на златните предмети. Врз основа на претходно издадена наредба од страна на судија на претходна постапка извршен е претрес во домот (во Прилеп) на првопријавениот и при тоа не се пронајдени предмети кои потекнуваат од  кривични  дела.         

 

На 24.11.2015 година од ПС Прилеп К.В. е донесен и со него е обавен разговор  во просториите на ПС ОН Кисела Вода,  во кој пријавениот негира дека го извршил кривичното дело и појасни дека во Скопје последен пат бил пред околу 10 месеци. 

 

Пријавените се и претходно познати извршители на кривични дела од областа на имотните деликти, како и кривични дела против здравјето на луѓето за што на К.В. поднесени му се пет кривични пријави и на Д.М. поднесени му се три кривични пријави. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Се трага по 86-годишно лице од Скопје

Објавено пред

Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола

Објавено пред

На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Објавено пред

Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.

dobivaj vesti na viber

Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија3 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија3 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија3 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија8 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија8 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија9 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија11 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија13 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет14 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет14 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија14 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија15 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет15 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет15 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет15 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија1 ден

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...