Црна хроника
Двајца прободени со нож во тепачка во кумановско
Две лица биле прободени со нож во тепачка во кумановското село Опае, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил во понеделник, околу 9,30 часот во локалот „Клуб Кафе“ кога поради неплатена сметка настанала расправила меѓу две групи од четири и две лица. Во пресметката две лица биле прободени со нож и истите се пренесени во Медицинскиот центар Куманово каде се задржани на лекување.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во Ѓорче Петров
Триесет и четиригодишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг М.П.(28) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете нападнато од неколку соученици во Скопско
Малолетно момче вчера на пладне било нападнато од неколку соученици во Булачани, Скопско.
Случајот во полицијата го пријавил таткото на детето.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка
Вчера во скопската населба Аеродром, по претходна расправија за паркинг, настанала физичка пресметка помеѓу И.С.(31) и М.Љ.(60), двајцата од Скопје, при што М.Љ. употребил и метален предмет, oбјави МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.