Црна хроника
Двајца скопјани и дебранец пријавени за трговија со дроги
Министерството за внатрешни работи, во два одделни случаи, поднесе кривични пријави против двајца жители на Скопје и еден Дебар за препродавање хероин и марихуана, на кои веќе им е одреден притвор во траење од 30 дена
Кривичните пријави се поднесени поради сомневања дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Во првиот случај скопската полиција добила сознанија дека 52-годишниот Н.И и 32-годишната А.М. од Скопје, во нивниот заеднички дом во скопската населба Гази Баба подолг период продаваат хероин, по што биле преземени мерки и активности за обезбедување материјални докази. Притоа е дојдено до сознание дека пријавените во текот на јуни од засега непознато лице, набавиле поголемо количество хероин, ја препакувале дрогата за улична продажба и по претходен телефонски договор со корисници им ја продавале од дома, каде што понекогаш им овозможувале и користење.Постапувајќи по добиените сознанија, со наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот и други простории на пријавените, при што се пронајдени и одземено 47,6 грама хероин и 375 грама смеса од парацетамол и кофеин, лекови кои на илегалниот пазар најчесто се користат како додаток во хероинот со цел да се зголеми количеството.Против двајцата пријавени скопјани, покрај тоа што и самите се уживатели на хероин, во периодот од 1996 до 2009 година биле поднесени кривични пријави за дела проследени со насилство, посредување во вршење проституција и имотни деликти, за што на Н.И. му биле изречени три затворски казни, додека на помладата А.М. и е изречена една мерка засилен надзор од социјален орган и една казна затвор.Во вториот случај, пак, во саботата околу 01 часот на регионалниот пад Дебар – Маврово, поточно кај бензинската пумпа „Бигорски“ полициски службеници го сопреле автомобилот „фолксваген пасат“ со охридски регистарски таблички управувано од 62-годишниот Н.В., при што по направената контрола во возилото била откриена црна најлон кеса со два килограма марихуана. По откривањето на дрогата Н.В. го стартувал возилото и се дал во бегство, но набргу е пронајден и приведен. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.