Црна хроника
Двајца тинејџери ограбиле пет куќи
СВР Скопје до надлежното обинителство поднесе кривична пријава против лицата А.Ј.(18) од Скопје и М.К.(19) од Куманово поради основано сомнение дека извршиле пет кривични дела „тешкa кражбa“ во куќи.
СВР Скопје до надлежното обинителство поднесе кривична пријава против лицата А.Ј.(18) од Скопје и М.К.(19) од Куманово поради основано сомнение дека извршиле пет кривични дела „тешкa кражбa“ во куќи.
Од страна на судија во претходна постапка на А.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од осум дена, додека М.К. во моментот е недостапен на органите на прогонот.
Имено, кривичните дела пријавените ги извршиле во временскиот период од 16.11.2014 до 02.12.2014 година (сите во Чаир), претежно во попладневните и вечерните часови кога сопствениците не биле присутни во своите домови.
Во три случаи со помош на подесен алат и физичка сила пријавените ги отворале влезните и балконските врати, а во два случаи со погоден предмет насилно делувале помеѓу крилото и касата на прозорец, по што влегувале во куќите, и по извршено претурање и пребарување одземале разни видови на вредни предмети како што се: компјутери, златен и сребрен накит, бижутерија, часовници, пари, гарнитура со алати како и еден сигнален пиштол марка „Екол“, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 376.200 денари.
Дел од противправно одземените предмети пријавените ги чувале во стан во Скопје каде привремено престојувал првопријавениот, додека пак друг дел од предметите (златен накит), со пониски цени, го продале во златарски дуќан лоциран во Старата Скопска чаршија, а добиените пари од продажбата на истиот ги потрошиле за свои потреби (купување дрога, алхохол, гардероба и трошоци за такси услуги).
На 05.12.2014 година врз основа на добиена судска наредба извршен е претрес во станот каде престојувал првопријавениот при што пронајдени и одземени се сигнален приштол, накит, кутии за накит, рачни часовници, мобилни телефонски апарати и други предмети.
По превземени мерки и активности од страна на СВР Скопје, на 10.12.2014 година, пронајден е и приведен пријавениот А.Ј. кој во службен разговор во целост ги појасни локациите и начинот на извршување на наведените кривични дела како и златарата каде се продадени предметите. Од друга страна, во просториите на ПС ОН „Чаир“ од страна на оштетените извршено е препознавање на пронајдените и одземени предмети и истите со потврда им се вратени.
Пријавените лица се регистрирани сторители на кривични дела од областа на имотните деликти при што, против А.Ј. во периодот од 2010-2014 година поднесени се 10 кривични пријави за “кражби” и “тешки кражби”, а против М.К. во периодот од 2010-2014 година, од страна на СВР Скопје поднесени се 15 кривични пријави за “тешки кражби”. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.