Црна хроника
Двајца тинејџери повредени во Скопје, дете повредено во сообраќајка во Прилеп
Двајца тинејџери се тешко повредени во сообраќајка што се случила во вторникот вечерта во Скопје, а други три лица меѓу кои и десетгодишно девојче се повредени во сообраќајка на патот Градско -Прилеп.
Сообраќајката во Скопје се случила во околу 20 часот се случила спроти „Хубо“ маркетот кај хотелот „Александар Палас“.Во несреќата се судриле автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од 61-годишниот С.К. и мопед „апаче“, кој го управувал 18-годишниит А.А. Тешко повредени се младото момче и 18-годишната сопатничка Н.В.Тинејџерот е пренесен во Ургентниот центар, каде по укажаната првична лекарска помош е пренесен на КАРИЛ и се наоѓа во животна опасност.Неговата врсничка, којашто исто така има тешки повреди, била пренесена во ГОБ „Наум Охридски“, каде е задржана на натамошно лекување.Полициски екипи и јавен обвините извршиле увид на местото на несреќата.Во вторникот попладне на регионалниот пат Градско – Прилеп се судриле три возила, при што повредени се три лица, меѓу кои и 10-годишно девојче.Во несреќата учествувале „мерцедес“ со скопски ознаки, „пасат“ со прилепски регистарски таблички и „БМВ“ со струшки ознаки.Полесно повредени се 39-годишниот возач на „пасатот“, неговата двет години помлада сопруга и нивната 10-годишна ќерка, на кои им е пружена лекарска помош во прилепската болница.Патот беше затворен за сообраќај од 19 до 23 часот./крај/мф/
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.