Црна хроника
Двајца уапсени за семејно насилство во последното деноноќие, вкупно пријавени три настани
Вчера во 12:50 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, лишија од слобода 22-годишник со привремен престој во Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 22-годишна невенчана сопруга, при што употребил и дрвен предмет. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 23:30 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 24-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 28-годишна сестра и им се заканувал на останатите членови на семејството. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така вчера во 23:06 часот во СВР Скопје, 41-годишен маж од Скопје пријави дека околу 17:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош во Скопје, бил физички нападнат од неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец пријавил дека малолетници му ја ограбиле и ја уценувале ќерката во Чаир
Четириесетгодишен скопјанец вчера во полиција пријавил дека неговата 16-годишна ќерка била ограбена и уценувана од група малолетници на подрачјето на општина Чаир.
Според пријавеното, настанот се случил на 7 мај околу 08:00 часот наутро. Неколку малолетници со закана со остар предмет пресретнале 16-годишна тинејџерка и ѝ одзеле пари. Освен грабежот, ја уценувале и дека ќе мора повторно да им даде пари во текот на наредните денови.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по пријавата се преземаат сите неопходни мерки од страна на надлежните служби за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Сообраќајка во Охрид: Млад возач со 1,61 промил алкохол во крвта излетал од пат
Дваесет и двегодишен охриѓанец е тешко повреден откако рано утринава со своето возило излетал од коловозот во Охрид, управувајќи под дејство на алкохол.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Охрид, несреќата била пријавена утринава (18.05.2026 година) во 05:25 часот. Настанот се случил на улицата „7 Ноември“ кога патничко возило марка „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Р. (22) од Охрид, изгубило контрола и излетало од патот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што е пренесен за укажување лекарска помош.
Од полициските проверки извршени на местото на настанот, било утврдено дека И.Р. го управувал автомобилот под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,61 промили алкохол во крвта.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
18-годишна девојка нападната со остар предмет пред дискотека во Скопје
Осумнаесетгодишна девојка пријавила дека била нападната со остар предмет пред дискотека во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, 18-годишната Т.Р. од Скопје пријавила дека околу 03:00 часот пред дискотека на подрачјето на Карпош во Скопје била физички нападната од едно лице, кое употребило остар предмет и ѝ нанело повреда.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
