Црна хроника
Двајца велешани во притвор оти превезувале мигранти
Притвор во траење од осум дена добија еден 20-годишен и еден 31-годишен велешанец, затоа што нелегално превезувале мигранти.
Во неделата, во 5 часот на автопатот Неготино-Градско, на наплатната станица „Градско“ од страна на полициски службеници од полицијата во Неготино сопрено е возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(20) од Велес. При преглед на возилото, во товарниот дел пронајдени се 26 илегални мигранти од кои три лица од Пакистан, три лица од Иран и 20 лица Мароко. Т.А. и мигрантите се приведени во полициската станица Неготино, каде против возачот е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.Предаден е на обвинителството во Скопје, каде од страна на судија на претходната постапка одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена. Со притвор и кривична пријава се здоби и велешанецот М.Ѓ.(31) поради постоење основи на сомнение за сторено „криумчарење мигранти“./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.