Црна хроника
Две деца и жена тешко повредени во три одделни сообраќајќи
Две деца на возраст од 10 и 12 години и една жена се тешко повредени во три одделни сообраќајќи што се случиле во понеделникот во Виница, Штип и Тетово.
Десетгодишното дете е тешко повредено во сообраќајка што се случила во понеделникот околу 12.50 часот во Виница на крстосницата од булуевар „Маршал Тито“, улица „С.Стојменски“ и улица „Љ.Сантов“.Автомобил „рено меган“, управуван од триесет и едногодишен виничанец удрило во детето. Со тешки телесни повреди детето е пренесено во Здравствениот дом во Кочани, но поради сериозноста на повредите повреденото момче е пренесено во Клинички центар Скопје. Увид извршила екипа од ПС Виница.Другата сообраќајка се случила во исто време во Тетово на крстосницата од улицата „Р.Цониќ“ и улицата „Његошева“. Автомобил „ауди“, управувано од четириесет и седумгодишен тетовец се судрил со велосипед со којшто управувало дванаесетгодишното дете.Детето со тешки повреди било пренесено во Клиничкиот центар-Тетово каде му била укажана лекарска помош по што бил пуштен на домашно лекување. Во Штип во понеделникот наутро во 8.40 часот била прегазена педесет и осумгодишна жена од селото Сколарци на крстосницата помеѓу улицата„Гоце Делчев“ и улицата „Охридска“. Жената е пренесена во Јавната здравствена установа Штип./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.