Црна хроника
Две години затвор за заканите кон судијката од ’Детонатор’
Обвинетите во случајот „Детонатор“ Жан Железарски и Јорданчо Михајлов добија две години затвор за заканите кои и ги упатиле на судијката во случајот Весна Димишкова при објавувањето на пресудата за овој случај.
Обвинетите пред судот се бранеа дека не изрекле такви закани, Железарски рече дека никогаш не рекол дека ќе ја сече судијката на парчиња, а Михајлов дека воопшто не и се обратил на судијката.
Тие се извинија ако биле погрешно сфатени за навредите за кои се сомничат.
Судијката, пак, тврдеше дека на денот на објавувањето на пресудата имала закани по нејзиниот и по животот на семејството од страна на обвинетите. /крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.