Црна хроника
Две лица пријавени за исчезнати
Две лица пријавени за исечзнати во измнатата ноќ од страна на нивните родители. Во првиот случај станува за малолетно девојче од Скопје, а во вториот за 27-годишно лице од Гостивар.
Според билтенот на МВР, во неделата во 02,40 часот во ПС-Чаир, А.Р.(1966) од Скопје, пријавил дека на претходниот ден 11,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка А.Е.(15).
Неполни три часа претходново во ПС-Гостивар, Д.А. од Гостивар, пријавила дека во петокот околу 22,00 часот од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот син М.М.(27).
Пријавителката посочи дека во саботата околу 19,00 часот го побарала на телефон и тој и рекол дека нема да си дојде дома и дека бил на умирање, а по телефонскиот разговор бил недостапен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.