Црна хроника
Двете комбиња излетале од патот во сообраќајката на патот Кичево – Осломеј
Десет лица се здобиле со тешки, а десет други со лесни телесни повреди во сообраќајната незгода што денес во 06 часот и 45 минути се случи на регионалниот пат Кичево-Осломеј во близина на селото Мамудовци.
Во тешката сообраќајна незгода учествувале мини бус марка „Мерцедес“ и комбе марка „Фолксваген“ кои по регионалниот пат се движеле од Кичево кон Осломеј, како и едно товарно возило марка „Форд“ што сообраќало од спротивниот правец. Сообраќајната незгода се случила во момент кога мини бусот „Мерцедес“ кој превезувал 18 патници-работници во РЕК „Осломеј“ започнал да врши претекнување на комбе марка „Фолксваген“, а од спротивната коловозна лента наишло товарното возило марка „Форд“. Притоа се случил удар на страничните леви страни од мини бусот „Мерцедес“ и товарното возило „Форд“ по што мини бусот удрил и во предното лево крило од комбето Фолксваген“. Овие две возила излетале надвор од коловозните ленти при што мини бусот „Мерцедес“ удрил и во бетонски sид. Товарното возило марка „Форд“ останало на десната коловозна лента во правецот на движење. Со две медицински возила, повредените се пренесени во општата болница во Кичево, а потоа и во болниците во Охрид и Скопје. На лице место извршен е увид во присуство на јавен обвинител, како и полициски екипи од полициската станица во Кичево. За време на увидот, сообраќајот на регионалниот пат не беше во застој, односно се вршеше наизменично пропуштање на моторните возила./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Казни за 140 возачи, возеле над дозволеното
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.