Црна хроника
Еден мртов и четворица повредени во верижен судар на патот Битола – Прилеп
Во саботата утрината, околу 02,55 часот на магистралниот пат Битола – Прилеп, во близина на мостот на река Шемница се случила сообраќајна незгода во која најпрво учествувале две патнички моторни возила „хјундаи пони” и „ауди” и двете со битолски регистарски ознаки, додека, пак, поради лошите временски услови дошло до судир и на уште пет моторни возила, соопштуваат од МВР.

На местото на настанот од здобиените повреди починал 32-годишниот Пеце К., кој управувал со возилото „хјундаи пони“, додека пак со повреди се здобиле уште четири лица./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.