Црна хроника
Еден тешко повреден и четворица полесно повредени во сообраќајката на патот Охрид-Кичево
Едно лице е потешко повредено, а уште четири се здобиле со лесни телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи во саботата попладне на магистралниот пат Охрид-Кичево помеѓу Ново село и селото Песочан, јавува Охридњус.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, до несреќата дошло кога патничко возило „шкода фелиција“ со охридски регистарски таблички кое се движело во правец од Кичево кон Охрид се излизгало, скршнало на спротивната коловозна лента и директно се судрило со возило „опел корса“ со тетовски регистарски таблички, кое се движело во спротивен правец.
Повредените лица биле пренесени во специјалната болница Св. Еразмо во Охрид, каде вкупно седум лица се јавиле на преглед. На местото на несреќата извршен е увид од страна на истражните органи./крај/ох
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.