Црна хроника
Еден загинат и неколку повредени во повеќе сообраќајки
Во четири одделни сообраќајни незгоди, од кои една железничка, едно лице загина, а тројца се повредени соопшти полицијата.
Во четири одделни сообраќајни незгоди, од кои една железничка, едно лице загина, а тројца се повредени соопшти полицијата.
Имено, во вторникот, околу 9.20 часот во село Добридол, гостиварско, се случила сообраќајна незгода во која Б.Н. (29) од село Добридол, управувајќи камион „Форд“ со гостиварски регистерски ознаки удрил во пешакот Ѓ.Љ. (65) од истото село, кој бил пренесен во болницата во Гостивар, каде им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот.Истиот ден, околу 6.10 часот на патот село Грдовци-село Мојанци, кај местото викано Соленци, случена е сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Ауди А4“ со италијански национални ознаки управувано од Б.Т. (25) од Зрновци-кочанско, и мопед „Томос АПН 6“ без регистарски ознаки, управувано од Н.А. (37) од село Грдовци-кочанско. Во незгодата Н.А. се здобил со тешки телесни повреди, кој по укажаната лекарска помош во здравствениот дом во Кочани, поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клинички центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот. Исто така во вторникот, околу 7.20 часот на автопатот Гостивар-Тетово, пред влезот во село Жеровјане, случена е сообраќајна незгода во која С.А. (31) од село Чајлане, управувајќи автомобил „Сеат Соледо“ со скопски регистерски ознаки изгубил контрола над истото и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото Ф.Џ. (31) кој по укажаната лекарска помош во болницата во Тетово, поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клиничкиот ценатр Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот. Во среда, околу 4 часот на делот од пругата помеѓу железничка станица Злетовица и железничка станица Соколарци, на самиот патен премин пред железничка станица Соколарци, се случила железничка незгода помеѓу патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Кочани и автомобил „Рено Лагуна“ со кочански регистерски ознаки управувано од Д.Д.(24). Во незгодата возачот се здобил со телесни повреди кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во болница во Кочани. Увид на местото на настанот извршила екипа од Кочани, при што за време на увидот железничикот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин. Се работи на целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.