Црна хроника
Еден загинат при излетување на џип на патот Куманово-село Пчиња
Едно лице загина, додека уште едно е потешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи во петок на патот Куманово-село Пчиња.
Како што соопшти МВР, џип „санг јонг“ со со кумановски регистарски ознаки управувано од С.Н.(20) од с.Пчиња, кумановско, од засега непознати причини излетало од патот. Од здобиените повреди при незгодата, сопатникот во возилото Милко И.(28) од с.Пчиња починал на местото на настанот, а С.Н. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во МЦ-Куманово.
Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од СВР-Куманово. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.