Црна хроника
Еден загинат во сообраќајка кај Мавровска раскрсница
Едно лице го загуби животот а две се полесно повредени во саботата попладне во судар на патничко возило со минибус на два километра од кај местото Мавровска раскрсница, на магистралниот пат Гостивар – Кичево.
Според извештајот на СВР Тетово, несреќата се случила околу 16,10 часот кога автомобилот „форд фокус“ со гостиварски регистарски таблички управуван од 51-годишниот Хаки Џ. Од селото Чајле се судрил со минибусот „мерцедес“ со струшки таблички.
Во судирот загинал Хаки Џ., а со повреди се здобиле патниците од минибусот, 26-годишен жител на селото Србица кичевско и 35-годишник од Вевчани. Двајцата повредени биле згрижени во медицинскиот центар во Гостивар.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово, а по наредба на јавниот обвинител телото на загинатиот е предадено за обдукција./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.