Црна хроника
Еден загинат во сообраќајка во Радишани
Во скопско Радишани, во понеделник се случила сообраќајна незгода во која едно лице го загубило животот.
Несреќата се случила во 9.40 часот на крстосницата од улиците „Радишанска“ и „Боро Краљевски“ во која учествувале две патнички моторни возила, „југо“ и „мазда“, со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. По незгодата возачот и сопатникот од патничкото моторно возило „југо“ со возило на Брза помош биле пренесени во Гратската општа болница „Свети Наум Охридски“ поради укажување на лекарска помош.Сопатникот имал тешки телесни повреди, а возачот по извесно време им подлегнал на повредите./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.