Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајка кај Радолишта, пешак прегазен во Охрид
Во две сообраќајни незгоди што се случиле на територија на Струга и Охрид, во понеделникот, едно лице загина, а едно се здоби со тешки повреди.
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 20 часот и 30 минути се случи на магистралниот пат Струга-Ќафасан во близина на селото Радолишта. Од здобиените повреди, на лице место почина Елван А.(69) од струшкото село Радолишта. Неговата смрт, на местото на настанот била констатирана од медицинска екипа од Општа болница во Струга.
Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот, по магистралниот пат во правец од Струга кон Ќафасан управувал патничко моторно возило „Пежо“со струшки регистарски таблици. Во близина на крстосницата за селото Радолишта, поради неприлагодена брзина према условите и состојбите на патот, сега починатиот изгубил контрола врз возилото, преминал на спротивната страна од патот, излетал надвор од коловозот и удрил во дрво.
На местото на сообраќајната незгода, по овластување на јавен обвинител, увид извршија полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга. По наредба на јавниот обвинител, патничкото возило „Пежо“ е подигнато за понатамошен технички преглед
Едно лице се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 16 часот и 45 минути се случи на улицата „15 корпус“ во близина на бензиската пумпа „Навис“ во Охрид.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здоби Г.К.(62) од Охрид, кој во критичниот момент го преминувал коловозот на место каде нема обележан пешачки премин. Притоа, врз него налетало патничко моторно возило марка „Рено Еспејс“ со охридски регистарски ознаки кое по улицата се движел од правец на селото Лескоец кон улицата „Железничка“. Поради сериозноста на повредите, пешакот Г.К. итно е префрлен во општата болница во Охрид каде е задржан на понатамошно лекување.
На местото на сообраќајната незгода, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид како и овластени судски вештаци. За време на увидот немаше застој во сообраќајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против битолчанец, ставил под хипотека туѓ недвижен имот во Охрид и стекнал корист од 352 илјади денари
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишниот К. Р. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела неизвршување судска одлука и самовластие.
„Тој, свесно и спротивно на судска пресуда, става под хипотека недвижен имот во Охрид сопственост на друго лице и на тој начин стекнал противправна имотна корист од 352.000 денари“, велат од СВР Охрид.
Топ
Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело узурпација на недвижности од чл. 225 од КЗ на РСМ.
А. Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице подолг временски период противправно завладеал имот, сопственост на државата, и го ставил во владение на своето правно лице.
Имотот што се наоѓа веднаш до цветниот пазар зад Поликлиниката ‘Бит-пазар’ во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, А. Р. противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез на предметното земјиште, каде што за секој влез-излез наплаќал соодветен паричен надомест и на тој начин го оневозможил слободното движење и користење на предметниот простор од страна на граѓаните и институциите на РСМ.
Црна хроника
Уапсен 39-годишник од Студеничани, возел „џип компас“ евидентиран во базата на Интерпол како украден
Вчера попладне, во 15.40 часот, на граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода 39-годишниот Џ. Р. од село Црн Врв, општина Студеничани, извести МВР.
„При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото ‘џип компас’, со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, е евидентирано во базата на Интерпол како украдено“, соопшти МВР.
Тој бил задржан во Полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.