Црна хроника
Едно од повредените деца во сообраќајката во гостиварско во животна опасност
Едно од повредените деца во сообраќајката што се случи во понеделникот во гостиварско се здобило со тешки повреди на вратот и главата и се наоѓа во животна опаснот. Во сообраќајката со тешки повреди се здобил уште еден негов врсник и двајца возрасни патници кои се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
Останатите осум деца, и двајца возрасни се задржани на лекување во Медицинскиот центар Гостивар. Несреќата се случи кога транспортно возило – комбе „Форд Турнео“ со гостиварски регистарски таблички се преврте на покрив во провалијата покрај патот. „Надлежниот обвинител ги презема сите неопходни дејствија за расветлување на настанот. Во текот на вчерашниот ден и денес издадени се повеќе наредби – скицирање и фотографирање на местото на настанот, наредба за технички преглед на возилото и криминалистичко техничка обработка на истото, наредба за испитување на ДНА од воланот на возилото, наредба за испитување на крв и урина од 47 годишниот возач на возилото, како и наредби за испитување на други материјални траги земени од оштетените лица“, соопштуваат од Јавното обвинителство./крај/мф
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.