Црна хроника
Едногодишно и двегодишно дете повредени во сообраќајна несреќа
– фото илустрација
Пет лица се повредени, меѓу кои и две мали деца, во сообраќајна несреќа што се случи во недела попладне на магистралниот пат Штип-Велес.
Пет лица се повредени, меѓу кои и две мали деца, во сообраќајна несреќа што се случи во недела попладне на магистралниот пат Штип-Велес.
Како што соопшти полицијата, А.И. (35) од Делчево, управувајќи автомобил „ауди А4“ со делчевски регистерски ознаки, изгубил котрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата со повреди се здобил возачот и сопатниците Д.И. (66), А.И. (31) и две деца(едногодишно и двегодишно). Повредените по укажаната лекарска помош во ЈЗУ-ОБ-Велес, поради сериозноста на повредите, се пренесени во КЦ-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Свети Николе. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.