Црна хроника
Екс заштитениот сведок Бреза во притвор
Златко Арсовски, поранешниот заштитен сведок Бреза во судскиот процес „Платено убиство во село Ореше “ од среда е во притвор, јави порталот Лисица.
Триесет дневниот притвор е по барање на Основниот суд Велес, заради негово обезбедување на главна расправа во судскиот процес во кој му се суди за лажно дадена изјава.
На обвинителната клупа Арсовски ќе седне на 26 овој месец кога ќе треба да го даде својот исказ за лажно сведочење .
Но ова не е единствениот судски предмет во Основниот суд во Велес во кој треба Арсовски да се појави.
„Златко Арсовски како сведок треба да се јави во уште два предмети од кои едниот претрес е закажан за 28 ноември а другиот главен претрес е закажан за 1 декември. Доколку обвинетиот Златко во овој предмет по кој што се наоѓа во притвор остане во притвор во тој период во тој случај ќе се бара согласност од судијата кој што постапува по предметот и доколку биде дадена таква согласност ќе бараме да биде доведен од затворот Скопје, Скопје. Доколку притворот биде укинат со оглед дека главана расправа е зкажана за 26 ноември во тој случај ќе треба да се постапи по наредбата за присилно доведување која е издадена во едниот предмет и да биде доведен врз основа на таа наредба и да се јави на поканата која му е доставена во другиот предмет“, рече Габриела Гајдова, портпарол на Основен суд Велес. /крај/лсц/мф
Извор: Лисица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.