Црна хроника
Евакуирани учениците во ОУ „Блаже Конески“ заради пластични бомби
Две пластични бомби пронајдени во подрумот во основното училиште „Блаже Конески“ во скопската населба Аеродром ги вознемирија учениците и вработени во училиштето, по што сите утрово околу 11.30 часот биле евакуирани.
Торбата со двете бомби ја нашле ученици додека помагале во расчистување на подрумските простории во училиштето и ги однеле во канцеларијата на директорот. Веднаш била повикана полиција, часовите прекинати, а сите ученици и вработените биле евакуирани.Полицијата утврдила дека станува збор за бомби кои се користеле на часовите по општо народна одбрана, пластични и без експлозивно полнење.Откако е утврдено дека бомбите се безопасни, учениците ја продолжиле наставата во училиштето./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.