Црна хроника
Фатен гостиварец што извршил 18 кражби во Охрид
Поради постоење основи на сомнение за сторени 18 казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.А.(20) од Гостивар.
Пријавениот, тешките кражби ги извршил во текот на овој месец во повеќе куќи, станови и деловни објекти во Охрид при што се стекнал со противправна имотна корист од 299.000 денари. О.А. користејќи подесен алат и физичка сила, насилно влегувал во куќите и деловните објекти по што откако ќе извршел пребарување во внатрешноста одземал пари, златен и сребрен накит, мобилни телефони, апарати, парфеми и други предмети. Работејќи на реализација на тешките кражби, СВР Охрид оформи предмет со прецизни оперативни информации по што деновиве беа пронајдени повеќе сторители и беа поднесени неколку кривични пријави против лица од Македонија, Босна и Херцеговина и Србија. По добиени наредби од Основниот суд во Охрид беа извршени претреси во домовите на пријавените и беа пронајдени дел од бесправно одземените предмети.Со постојана посветена работа, СВР Охрид ја зголеми ефикасноста во расветлувањето на казнените дела тешка кражба. Според аналитичките показатели, од пријавените тешки кражби во јули оваа година, реализирани се 24 дела што претставува зголемување во однос на реализираните девет во истиот период лани. Тоа воедно значи зголемување на откривачката функција која во јули годинава изнесува 60 проценти додека во истиот период лани ефикасноста во откривањето на сторителите на тешките кражби била 50 проценти./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.