Црна хроника
Фатен крадец на дело во Чаир
Случајни минувачи забележале како еден човек се обидува да ограби тбако во скопската населба Чаир, по што пријавиле во полиција, а крадецот бил фатен на дело.
Имено, 24-годишниот В.А. од Гњилане, Косово, е под сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба во обид“, за што од страна на судија на претходна постапка изречена му е мерка притвор во траење од осум дена. Со намера за себе да прибави противправна имотна корист, пријавениот на 11-ти септември годинава во раните утрински часови на подрачје на скопската општина Чаир, поточно на улицата „Александар Урдаревски“ извршил кривично дело тешка кражба во обид во тобако. Кривичното дело го извршил на тој начин што откако со употреба на тврд погоден предмет насилно ја исекол металната мрежа со која било оградено тобакото и направил отвор преку кој влегол, а потоа со употреба на штрафцигер ги скршил двата катанци и цилиндерот од средишната брава од вратата и се обидел да влезе внатре. Од страна на случајни минувачи бил забележан и пријавен и за кусо време од страна на полициските службеници од единицата „Алфа“ бил приведен./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.