Црна хроника
Фатен охридски крадец
Охридски крадец, кој провалувал во куќи во Охрид, е фатен, а против него е поднесена кривична пријаа соопшти СВР Охрид.
Имено, поради постоење основано сомнение за сторени девет тешки кражби и една кражба, СВР Охрид поднесе две кривична пријава против Б.И. (24) со привремено живеалиште во Охрид.
Пријавениот, кривичните дела ги извршил во првата половина на овој месец со насилно кршење на вратите и прозорците од куќи и станови во Охрид.
Тој скршил пластични ролетни, и влегол во две куќи на улицата „Дејан Војвода“ чии сопственици се наоѓале во Швајцарија од каде одзел сребрени алки и златен накит.
Со кршење стакло од прозорецот на приземјето, Б.И. влегол во куќа на улицата „Лазо Трпоски“, извршил пребарување и одзел ДВД плеер, машина за шишање, туш батерија и една чешма.
Пријавениот искористил згодна прилика, незаклучена влезна врата, и влегол во куќа на улицата „Славеј планина“, извршил пребарување и од спалната соба одзел лап-топ компјутер.
Качувајќи се на балконите, пријавениот Б.И. влегувал во станови на булеварот „Туристичка“ и „Богомилска“ од каде одзел пари, австралиски монети, златен накит, еден нож и други поситни предмети.
Златните предмети ги продавал во златари во Струга, а другите предмети низ пазарите во Скопје. На тој начин Б.И. се стекнал со против-правна имотна корист од 70.000 денари.
Дел од одземените предмети заедно со една патна исправа, се пронајдени при претрес што полициските службеници го извршија во неговиот дом по што, од страна на оштетените лица во присуство на Јавен обвинител, извршено е препознавање на пријавениот. /крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.