Црна хроника
Фатен Турчин баран по меѓународна потерница при обид да прошверцува злато
Двајца турски државјани се обиделе да прошверцуваат пет килограми злато, но биле спречени од полицијата на автопатот Скопје-Тетово, во близина на наплатна станица Глумово.
Полицијата сопрела возило „ауди а6 “сопственост и управувано од страна на турскиот државјанин Н.Б.(26), а по претходно сознание на мобилната единица за сузбивање на прекуграничен криминал и компензаторни мерки во содејство со СНТД при ОСОСК дека возилото се користи за криумчарење златен накит и дрога. Во времето кога возилото е сопрено сопатник во истото бил Д.Б. татко на првопријавениот за кого постојат оперативни сознанија дека користи лажен идентитет и којшто поседувал фалсификувана косовска патна исправа со лажен идентитет.
При изврешен преглед во возилото пронајдени се пари, а под возачкото и совозачкото седиште бил пронајден златен накит завиткан во најлон ќеси, во количина од околу пет килограми. По ова двајцата се лишени од слобода и приведени во полициската станица Гази Баба.
ОСОСК истиот ден достави известување до ОЈО Скопје и по обезбедени Наредби за претрес, изврши претрес на две локации и тоа, во Гостивар во стан сопственост на С.Ш., а каде престојувал Н.Б., каде што не се пронајдени предмети на кривично дело и во стан во Скопје, каде престојувал Д.Б., каде што, пак, се пронајдени две пакувања облепени со селотејп-трака во кои имало златен накит во количина од околу еден килограм (една златна плочка со натпис 250 гр. две златни нараквици, две женски ланчиња, 60 златни привезоци, 54 златни престени, 37 пара златни обетки, 15 златни ланци).
Од страна на ОСОСК пронајдените метални предмети се одземени со потврди за привремено одземени и истите се доставени за понатамошно вештачење до Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења, а против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“.
Инаку Д.Б. е баран по меѓународна потерница распишана од страна на Турската полиција за одлежување казна затвор во траење од 10 години за сторено кривично дело недозволена трговија со дрога и од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка е потврден идентитетот на истиот и е започната постапка за екстрадиција. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.