Црна хроника
Фатен убиец кој избегал од затворот „Идризово“ во 2013 година
Затвореник кој бил осуден на 15 години казна затвор поради убиство, а во 2013 година избегал, бил фатен од „алфите“ на Бит пазар и вратен во затвор, соопшти полицијата.
Имено, во вторникот, околу 16.20 часот на улицата „Лазо Трповски“ припадници на Единицата за прв одговор – „Алфа“ приведен е 43-годишниот Суат Ј. од Скопје, кој се барал по наредба од Затворот „Идризово“ од 12.08.2013 година, поради бегство од затворот, каде издржувал казна затвор во траење од 15 години за сторени кривични дела „убиство“, „убиство во обид“ и „тешка кражба“.
Имено на 13.08.2006 година околу 17.45 часот на раскрсницата на улица „Пролетерска“ со улицата „Лепеначка“, Суат заедно со сега 33-годишниот Нехат.С., кои биле во возило „застава 101“ од автоматско оружје испукале повеќе куршуми кон возило „форд ескорд“ при што беа убиени Бранко И. (50) и Љупчо А.(48), а со тешки телесни повреди се здобија С.И. (51) и С.А(41).
Суат Ј. беше приведен во полициската станица Бит пазар, а од страна на полициски службеници од единицата „Алфа“ истиот е спроведен во скопскиот затвор „Идризово“ за доиздржување на затворската казна./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.