Црна хроника
Фатена петчлена разбојничка група од која тројца се малолетници
Тројца малолетници, на 12, 14 и 16-годишна возраст предводени од еден 23-годишник и 38-годишник од струмичкото село Ангелци се кривично пријавени поради напад и „разбојничка кражба“ за.
Тројца малолетници, на 12, 14 и 16-годишна возраст предводени од еден 23-годишник и 38-годишник од струмичкото село Ангелци се кривично пријавени поради напад и „разбојничка кражба“ за.
Во четвртокот, како што известува Секторот за внатрешни работи Струмица, првопријавениот 23-годишниот М.П. и третопријавениот 16-годишниот Н.П. биле откриени од нивен соселанец како во атарот на Ангелци краделе ореви. По кусата вербална расправија, пријавените си заминале.
Меѓутоа по кусо време се вратиле заедно со другите тројца пријавени и физички го нападнале сопственикот на нивата удирајќи го со тврди предмети при што му нанеле му тешки телесни повреди./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.