Црна хроника
Фатени дилери на дрога, поткупувале полицајци и судии
Криминална група која делувала во Македонија, но и на меѓунардоно ниво, е разбиена во полициската акција „Брана“ којашто е организирана во рамките на оперативната акција „Мрежа“ за сузбивање на дилери на дрога кои делуваат на национално и меѓународно ниво, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полицијата има разузнавачки информации и докази кои укажувале на коруптивно влијание во одредени структури на полицијата и судството. „Преку ова влијание требало да се овозможи заштита на криминалните интереси, стекнување на финансиска моќ и влијание, како и попречување и оневозможување на легитимините законски активности преземени од страна на Јавното Обвинителство и МВР, во насока на сузбивање на оваа криминална група. Во текот на истражувањето преку меѓународна полициска соработка обезбедени се информации дека членови на криминалната група делувале и на меѓународно ниво, за што дополнително се превземаат мерки околу документирање на нивните прекугранични криминални активности поврзани со недозволена трговија со дрога и перење пари“, соопштуваат од МВР.Тројца организатори на групата во перидот од јули минатата година до јуни годинава организирале мрежа на препродавачи и посредници и ангажирале повеќе лица за пренесување и продавање на дрога, марихуана, кокаин и екстази на територијата на Македонија. Од стекнатиот приход одреден процент добивале посредниците, но најголем дел го задржувале организаторите.Во оваа акција осомничени се седум лица, односно против нив е поднесена е кривична пријава. Пет од осомничените лица се обезбедени, едно лице против кое ќе биде поднесена кривична пријава е веќе во притвор, а по уште едно лице се трага.Од извршените претреси кај пет лица од кои кај тројцата организатори и двајца посредници пронајдени и одземени се поголем број на предмети и средства за комуникација кои ќе бидат предмет на дополнителни испитувања и вештачења. Кај првиот осомничен на возраст од 33 години од Скопје пронајдена е бела полиетиленска кеса со тревкаста растителна материја како и прозирна полиетиленска кеса со растителна материја, воздушна пушка калибар 4.5 мм, мобилни телефони како и други предмети. Кај вториот на возраст од 35 години од Свети Николе, пронајдени се 31 шише и туба исполнета темно жолта течност, 16 семки од засега непознато растение, две полиетиленски пакувања со кафена прашкаста материја, мобилни телефони, и други предмети. Кај третото лице исто така од Скопје на возраст од 35 години, пронајдени се две полиетиленски кеси од кои едната со растителна материја а другата со бела прашкаста материја, дигитална вага и 49 банкноти во апоени од 1000 денари. Кај уште две лица исто така од Скопје на возраст од 38 и 42 години извршени се претреси при што се пронајдени повеќе мобилни телефони со сим картички како и ПМВ Мерцедес со скопски регистарски ознаки.Инаку досега во рамки на криминалистичко истражување „Брана“, во текот на 2015 и 2016 кривично пријавени и лишени од слобода се вкупно 30 лица при што запленети се над четири килограми марихуана, семки од растението Canaabis Sativa, 75 таблети екстази, над девет грама кокаин, таблета МДМА и 1,6 мл масло од Хашиш за што се поднесени 10 кривични пријави. Притоа досега е пријавен полициски инспектор, јавен обвинител и директор на општа болница. Криминалната група делувала на територијата на Свети Николе, Штип, Кочани, Битола, Гостивар и Скопје./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.