Црна хроника
Фатени крадци на дрва во прилепско
Полицијата приведе двајца крадци на дрва во прилепското село Ропотово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Настанот се случил во понеделник на крстосницата за село Лажани, кога полицијата се обидела да запре камион кој нелегално превезувал огревни дрва, но била попречувана од автомобил „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Е.(35) од село Црнилиште.
„Голфот“ во еден момент удрил во левиот браник на полициското возило по што истото било принудено да го забави движењето, а камионот избегал во непознат правец.
Во тој момент полицискиот службеник пукал во воздух, а потоа и во задното десно тркало на „голфот“, но возачот не застанал при што се упатил по патот за село Кошино каде поради неприлагодена брзина изгубил контрола над возилото и излетал од патот, а потоа бил приведен.
Во полициска станица приведен бил и неговиот брат М.Е.(32).
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.