Црна хроника
Фатени напаѓачите на Мароканците кои се претставувале како полицајци
Фатени се тројцата разбојници кои пред неколку дена нападнаа и ограбија двајца Мароканци кои илегални влегле во Македонија кај струмичкото село Миравци.
На 7-ми декември вечерта околу 22 часот, тројцата разбојници од село Миравци откако се претставиле како полиција, физички ги нападнале со дрвени палки, електрошок, заканувајќи им се со пиштол и нанесувајќи телесна повреда на еден од мигрантите во пределот на ногата.Ги легнале на земја и им одзеле околу 600 евра, два мобилни телефони и патничка торба во која имале лични работи и избегале.Разбојниците се фатени и проти нив е поднесена кривична пријава./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.