Црна хроника
Фатени пет лица при купопродажба на килограм марихуана
Охридската полиција фати пет лица при купопродажба на речиси еден килограм марихуана во близина на брегот на Охридското езеро на улица „Васил Стефоски“.
Марихуаната со тежина од 994 грама требало да ја продадат двајца охриѓани за сума од 550 евра на двајца стружани од селата Делогожда и Велешта.
Полицајците ги затекнале како ја продаваат и купуваат дрогата, а тие кога ги забележале се обиделе да избегаат со автомобил „ауди“ со струшки регистерски таблици.
Но полицајците ги сопреле и во грмушка во близина на местото каде било паркирано возилото, пронајдена е сива најлонска кеса облепена со самолеплива лента со марихуана со тежина од 994 грама, а покрај возилото пронајден е еден кујнски нож со црна рачка со траги од марихуана.
Дополнително до метална ограда покрај улицата пронајдена е една целофанска паковка со марихуана со тежина од 0,64 грама.
При претрес во домот на еден од осомничените во селото Делогожда, на првиот спрат од куќата, во неговата соба во фиока пронајдени се околу 100 семки што потекнуваат од растението Cannabis.
Против пет лица, двајца охриѓани, еден жител на селото Делогожда и двајца жители на село Велешта поднесена е кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги и психотропни супстанци и прекурсори.
Пријавените се лица познати на службата против кои по слични основи биле поднесувани соодветни пријави. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.