Контакт

Црна хроника

Фатени разбојниците што ја ограбија поштата во Буковиќ, меѓу нив и полицаец

Објавено пред

Пет лица, меѓу кои еден полицаец, се уапсени за грабежот во поштата во скопско Буковиќ од каде што беа украдени над милион денари, а што се случи минатиот вторник.

dobivaj vesti na viber

Министерството за внатрешни работи го расчисти разбојништвото што минатиот вторник беше извршено во експозитура на АД Македонска пошта во  село Буковиќ. За кривичното дело се товарат пет лица на возраст од 22 до 36 години од кои три лица од село Семениште, едно од Сарај и едно од Черкези, кумановско. На сите петмина им е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена, а еден од осомничените е полициски службеник кој во моментов работи во Полициската станица од општа надлежност Карпош. Петмината се товарат дека извршиле кривично дело „разбојништво“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 1.108.000 денари.

 

Петмината осомничени на 8-ми јули, маскирани со фантомки на главите и вооружени со автоматска пушка и пиштол, влегле во поштата каде во моментот имало тројца вработени. Разбојниците го впериле оружјето кон нив и им наредиле да ги кренат рацете, заканувајќи се дека ќе им пукаат во нозете. Потоа влегле во работниот простор зад шалтерскиот дел и му наредиле на благајникот да ја отклучи металната каса којашто се наоѓала во просторијатаи во која имало околу милион денари. Во исто време едниот од крадците во фиоката во шалтерскиот пулт која ја користи благајникот, пронашол и одзел околу 108.000 денари и сите пари ги ставиле во една вреќа,  која ја пронашле во просторијата.

 

Во тој момент, до влезната врата од поштата дошол пензионер кој што сакал да влезе внатре и да подигне пари од пензијата меѓутоа бил забележан од разбојниците и му наредиле и тој да влезе во помошната просторија каде што биле затворени тројцата вработени.

 

Откако ги зеле парите, сторителите со автомобил се упатиле кон излезот од село Буковиќ, на стариот пат Скопје-Тетово каде ги чекал друг автомобил. Откако се префрлиле во возилото заминале во село Семениште, во старата куќа на еден од крадците каде што ги поделиле парите и ја запалиле празната вреќа и фантомките.

 

Инаки, поголем дел од пријавените и претходно се познати на полицијата, а од страна на судовите им се изрекувани и затворски казни за сторени кривични дела „учество во тепачка“, „насилство“, „тешка кражба“ и „недозволена трговија со оружје“. Лицето од Куманово во 2009 година со помош на Интерпол било уапсено и во Осло, Норвешка, поради основано сомнение за недозволена трговија со наркотици.

 

Министерството за внатрешни работи продолжува да работи на расчистување и на други дела сторени од оваа криминална група.крај/мф/сд

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

Објавено пред

На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

dobivaj vesti na viber

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Објавено пред

Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.

dobivaj vesti na viber

Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Се трага по 86-годишно лице од Скопје

Објавено пред

Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во...

Македонија3 часа

Коалицијата ВЛЕН најавува спектакуларен митинг во понеделник на плоштадот Скендербег – не добиле дозвола на митинг на Плоштад Македонија

Шефовите на изборната кампања на Коалицијата ВЛЕН денеска ја информираа јавноста за централниот митинг што ВЛЕН (ВРЕДИ) планира да го...

Свет3 часа

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува...

Македонија3 часа

Гордана Силјановска Давкова учествуваше на одбележувањето на 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76 годишнината од прогонството на Македонците од егејскиот дел на Македонија

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, на 20 април...

Регион6 часа

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а...

Свет7 часа

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија7 часа

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет7 часа

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија8 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија8 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија9 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија20 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија20 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија20 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија21 час

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија1 ден

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија1 ден

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија1 ден

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија1 ден

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија1 ден

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...