Црна хроника
Финансиски криминал во Гостивар, државата оштетена за 280.000 евра
Со малверзации при продажба на недвижен имот поранешна сопственост на фирмата Жито Шар од Гостивар, гостиварец го оштетил државниот буџет за 280.000 евра, соопшти Финансиската полиција.
Во текот на истрагата утврдено е дека осомничениот, управител и овластен потписник на банкарската сметка на фирмата „Канма трејд“, со цел да се стекне со противправна имотна корист, затаил 280.000 евра данок.Управителот, иако бил обврзан со закон да поднесе соодветни пресметки до надлежните институции за остварените приходи во текот на 2014 година од продажба на недвижен имот, не поднел аконтативни пријави за данок на додадена вредност до Управата за јавни приходи, не поднел Завршна сметка за 2014 година до Централниот регистар, а за неоправдано подигнатите парични средства од жиро сметките на второпријавеното правно лице до Управата за јавни приходи не поднел годишен извештај на исплатувачот на приходи.Првопријавениот на крајот на 2014 и почетокот на 2015 година на нотар во Гостивар склучил три договори за купопродажба на деловен простор со две фирми од Гостивар и едно физичко лице, во кои договори како продавач се јавува второпријавеното правно лице „Канма трејд“. По склучените договори за купопродажба, пријавениот на трите купувачи им издал фактури со содржан износ на данок на додадена вредност кој согласно закон бил должен да го уплати во Управата за јавни приходи. Веднаш по трансферот на парите од купувачите, управителот наместо да го плати ДДВ-то, тој парите заедно со износот за ДДВ дел ги подигнал во кеш, а дел ги пренасочил на други сметки и ги користел за свои лични потреби. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.