Контакт

Црна хроника

(Фото) Запленети 19 метри кубни нелегално сечени дрва на територија на ОВР Делчево

Објавено пред

Полициски службеници од ОВР Делчево, по претходно добиени оперативни сознанија, во содејство со инспектори по шумарство од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Шумска полиција, на 14 и 15.04.2026 на неколку локации во Делчево и село Бигла запленија 19 метри кубни нелегално сечени дрва, и тоа 5,19 м3 борови дрва и 13.86 м3 дабови дрва.

Дрвата се одземени од страна на Шумска полиција Делчево и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 69 од Законот за шуми против правно лице- пилана во село Бигла, сопственост на В.С. (69) од село Лески, како и против Г.Г.(65) и М.Г. (69), двајцата од село Бигла.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Објавено пред

Од

Полицијата уапси 86-годишен старец кој нападнал малолетничка во парк во Ѓорче Петров.

Според информациите на МВР, вчера во 13:00 часот во Скопје, полициски службеници го уапсија 86-годишниот Д.Т. од Скопје.

Претходно во полиција било пријадено дека околу 11:15 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров се однесувал непристојно кон 15-годишна малолетничка и барал да го допира по телото.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

12-годишно девојче под закана испраќало експлицитни фотографии на малолетник

Објавено пред

Од

12-годишно девојче од Скопје под закана испраќало експлицитни фотографии на малолетник. Случајот во полиција го пријавила нејзината мајка.

Според информациите на МВР, вчера 35-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од март годинава до денот на пријавата, нејзината 12-годишна ќерка под закана преку мобилна апликација испраќала експлицитни фотографии и видеа на малолетник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Малолетници нападнале ученик пред училиште во Студеничани и го снимале со мобилен телефон

Објавено пред

Од

Малолетници нападнале ученик пред основно училиште во Студеничани и го снимале со мобилен телефон, а видеото го објавиле на социјалните мрежи.

Според информациите на МВР, вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(43) од с.Студеничани, скопско, пријави дека на 12.05.2026 околу 09:30 часот пред основно училиште на подрачјето на општина Студеничани, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници, кои ги познавал и кои го снимиле настанот со мобилен телефон, а потоа го објавиле на социјална мрежа.

За настанот е известен јавен обвинител и инспектор за малолетници. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет26 минути

Рубио: Не бараме помош од Кина, нивната помош не ни е потребна

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, порача дека на САД не им е потребна помош од Кина во врска со Иран....

Свет33 минути

Рубио: Украина ја изгради најсилната и најмоќната армија во Европа

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека Украина ја изградила најсилната и најмоќната армија во Европа, истакнувајќи го борбеното искуство...

Uncategorized36 минути

Кремљ: Европа е вклучена во конфликтот и не може да биде неутрален посредник

Кремљ соопшти дека Европа не треба да очекува улога на посредник во мировниот процес за Украина, поради нејзиниот сегашен пристап,...

Македонија40 минути

Сиљановска-Давкова на отворањето на Народната канцеларија: Ова е почеток на поотворена и подиректна комуникација со граѓаните

Како резултат на континуираните заложби на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за поголема отвореност и непосредна комуникација со граѓаните, денеска...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ по реакциите за Дејвид Гета: СДСМ го чека празникот за независноста на Бугарија

Разбираме дека Дејвид Гета не му е по вкусот на Филипче кој го преферира Харис Џиновиќ, но разликата помеѓу Дејвид...

Македонија1 час

(Видео) Филипче: Реформите се викаат Уставни измени и почеток на преговорите – тоа е вистинскиот пат напред

Актуелната власт нема кредибилитет и граѓаните се соочуваат со застој и манипулации во однос на европскиот процес, изјави претседателот на...

Македонија1 час

Национален консултативен механизам за Реформската агенда: Преглед на напредокот на „половина пат“

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје и Министерството за европски прашања (МЕП) во Клубот на пратеници го одржаа третиот...

Македонија2 часа

Претседател на суд под истрага: зел мито од 8.000 евра да влијае кај судија во Гостивар

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против претседател на суд и администратор кои како соизвршители сториле кривично...

Македонија2 часа

Предлог-законот за парнична постапка го помина првиот собраниски филтер

Предлог-законот за парнична постапка помина на прво читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија...