Црна хроника
Французин заспал чекајќи лет и го бркал авионот по писта
Французин заспал на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, чекајќи го летот за Виена ја скршил вратата на еден од излезите од Аеродромот, гејт 201 и трчал кон авионот на пистата.
Триесет и двегодишниот Французин по извршената контрола на на аеродромот околу 4.30 часот заспал чекајќи на столиците и го пропуштил летот, Кога се разбудил и видел дека го пропуштил летот, во паника почнал да вика во „гејтот“ и во еден момент почнал да трча и удира по вратите од гејтот бр.201 каде насилно ја отворил вратата и се упатил на мостот сакајќи да влезе во авионот каде вратите биле затворени. Но, кога видел дека авионот е приклучен на возило “пуш- бек“ почнал насилно да тегне по вратата каде го напукнал стаклото од вратата, а потоа се симнал по помошните скали и насилно отворајќи ја вратата од мостот излегол на платформа каде почнал да трча по авионот на кој во моментот му биле вклучени моторите. Возачот на возилото “пуш – бек“ во „ТАВ“ во моментот на поставување на воздухопловот на позиција за полетување забележал лице како трча по воздухопловот и вика со неразбирлив јазик на висок тон, излегол од возилото и го спречил лицето да се упати кон воздухопловот, по што го известил Секторот за безбедност .Од страна на обезбедувањето истиот бил фатен и предаден на ПО Петровец за понатамошна постапка. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.