Црна хроника
Фрлале молотови коктели и јајца кон тетовската општина
Во петокот, по завршувањето на протeстниот собир на градскиот плоштад во Тетово, организиран од Здружението на граѓани „Еко герила“ под мотото „За почист воздух“, група од 200 до 300 учесници, претежно малолетници, се упатиле кон објектот на тетовската локална самоуправа.
Извикувајќи разни пароли, тие почнале да фрлаат со јајца и неколку помали камења, а во два наврати на асфалтираната површина пред општинскиот објект фрлиле и запалени молотови коктели, од кои нема повредени лица и не е предизвикана материјална штета, по што сите се разотишле.
По кратко време во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, бил извршен разговор со 13-годишен малолетник поради постоење основи на сомнение дека учествувал во фрлањето на молотовите коктели и по разговорот бил пушен.
Истиот ден околу 19 часот бил приведен М.Е.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение дека протестирајќи пред општинскиот објект во Тетово спречувал полициски службеник во вршење на службено дејствие, односно се обидел да му ја одземе камерата и му ја оштетил, а потоа го навредувал и му се заканувал.
Со истиот е извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.