Црна хроника
Фудбалер на Вардар бил повикан на разговор во СВР Штип
Штипската полиција извршила информативен разговор со фудбалер на Вардат за кого се сомневала дека е можен сторител на физички напад врз полицаец.
Како то соопшти во средата МВР, во неделата околу 19,20 часот во Штип, на градскиот стадион, по завршување на фудбалскиот натпревар кој се одиграл помеѓу ФК-Брегалница-Штип и ФК-Вардар-Скопје, непознато лице му ја турнало капата на униформиран полицаец од Штип кој бил работно ангажиран, по што го удрил во пределот на задниот дел од вратот, нанесувајќи му телесна повреда.
Поради сомнение дека е можен сторител на наведеното кривично дело, од слобода е лишен Ф.Д.(32) од Скопје кој по обавениот разговор е ослободен.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, најавува штипската полиција
Дел од медиумите пренесоа дека станува збор за фудбалер на Вардар, кој потврдува дека бил повикан во штипската полиција и дал изјава во која негира било каква вмешаност во наведениот инцидент. /крај/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.