Црна хроника
„Гемиџиите“ пронајдоа женски труп во Вардар кај мотел Македонија
Учесниците на Вардарската регата „Гемиџии“ се соочија со непријатност многу брзо по стартот во четвртокот. Додека беа на првата етапа, дел од нив забележаа женски труп во водите на Вардар. Телото е пронајдено во близина на мотел Македонија.
Учесниците на Вардарската регата „Гемиџии“ се соочија со непријатност многу брзо по стартот во четвртокот. Додека беа на првата етапа, дел од нив забележаа женски труп во водите на Вардар. Телото е пронајдено во близина на мотел Македонија.
Како што јави порталот Лисица, тие веднаш го пријавиле случајот, по што на терен излегле екипи на СВР Велес.
Сепак, увид на местото е многу тешко да се направи, затоа што теренот е непристапен. Затоа најверојатно ќе се чека асистенција од специјалните единици.
Кој е идентитетот на телото, засега надлежните немаат одговор. Тоа ќе се дознае откако ќе биде извлечено и ќе биде извршена обдукција.
Во изминатиов период во велешката полиција две жени се пријавени како исчезнати. Нешто слично учесниците на регатата доживеаја и минатата 2014 година. Тие пронајдоа машки труп во Вардар кај Градско. /крај/мф/ап
Извор: Лисица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Три лица пријавиле во полициските станици во Скопје дека биле каснати од куче скитник во текот на вчерашниот ден, извести МВР.
На 28.03.2024 во 18.45 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Ј.(64) од Скопје пријавила дека на пешачка патека во населбата Ново Лисиче во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, М.Ч.(34) од с.Катланово, скопско, пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Во судир помеѓу „бмв“ и мотоцикл, тешко повреден 23-годишник од Скопје
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје–Тетово и локалниот пат село Сарај–село Глумово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот С.О. од Република Турција, со престој во Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот Ф.Ќ. од Скопје, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тешко повредена скопјанка, во неа удрил „опел“
Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано 38-годишниот Ј.К. од село Марино, општина Илинден, удрило во пешакот, 64-годишната М.Г. од Скопје, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.