Црна хроника
Гевгелиските таксисти ја блокираат железничката линија
Гевгелиските таксисти почнаа протест со цел да се вклучат во превозот на мигрантите од Гевгелија за Куманво и затоа ја блокираат железничката пруга.
Гевгелиските таксисти почнаа протест со цел да се вклучат во превозот на мигрантите од Гевгелија за Куманво и затоа ја блокираат железничката пруга.
Како што соопшти полицијата, во среда во 10 часот почна протест на Здружението на лиценцирани такси превозници „Авто-таксисти“ од Гевгелија. Со своите такси возила и жив штит вршат блокада на железничката пруга, на делот пред железничкиот мост на Сува Река, со блокада на возовите кои се упатуваат до Прифатниот центар за мигранти и блокирање на влезовите за патничкиот сообраќај на Гевгелија. Ваквите блокади би траеле секојдневно, се до исполнување на нивните барања, односно вклучување во транспортот на мигранти од Гевгелија за Куманово./крај/со/бб
Извор: Vecer
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.