Црна хроника
Ги претепал сопругата и малолетната ќерка: семејно насилство во Гостивар
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.М.(31) од Гостивар.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“.
Имено според полицијата, на 03.05.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал неговата сопруга и нивната малолетна ќерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец со тешки телесни повреди донесен во болница, на Партизанска во него удрил велосипедист и избегал
Градската општа болница „8 Септември“, ноќеска пријавила во полиција дека кај нив бил донесен (Е.А.) од Скопје со тешки телесни повреди кои му биле нанесени откога во него удрил велосипедист на булеварот Партизански одреди во Скопје. Велосипедистот по ударот избегал.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Апсења во Неготино поради точење алкохол на деца
Викендов полицијата од Неготино заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ извршија контроли во угостителски објекти во Неготино. Во еден од објектите најдоа малолетници послужени со алкохол.
Со малолетниците се извршени службени разговори во присуство на претставник од Центар за социјални работи Неготино, по што се предадени на родители или блиски роднини.
„Полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода А.С.(25) и еден малолетник од Неготино, поради основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик ’точење алкохолни пијалаци на дете’“, соопшти МВР.
За апсењата и точењето алкохол на малолетници е известен јавен обвинител и МВР најави соодветни поднесоци по целосно документирање на настанот.
Фото:Депозитфотос
Црна хроника
Уапсени двајца скопјани во Драчево, едниот нападнал полицаец и му се заканувал, а другиот спречувал полицаец да работи
Ноќеска во Драчево полицијата ги уапси М.М.(34) и Н.А.(35), двајцата од Скопје поради тоа што М.М. нападнал полициски службеник и упатувал закани, а Н.А. спречувал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
