Црна хроника
Ги уби мајката и бабата на девојката, па се самоуби во Волково
Дончо Ѓ. од Скопје, во средата во нивната семејна куќа во Волково, ги убил мајката и ќерката на својата девојка, а потоа се самоубил.
Како што информираа од СВР Скопје, за Макфакс, Дончо Ѓ. роден 1972 година, со пушка на улица „103“ во Волково, скопско, ги застрелал Елена В,.родена 1940 година и Снежана В. родена 1969 година, а потоа со оружјето во дворот си пукал во главата.Случајот бил пријавен во полиција во средата во 19.25 часот, по што е извршен увид на местото на настанот.Неофицијално мотив за убиството е врската на Дончо со ќерката на Снежана, односно внуката на Елена, која во моментот не е во државава, туку на привремена работа на брод. Таа била отсутна веќе два месеци./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.