Црна хроника
Го претепал референтот за моторни возила оти бил незадоволен од услугата
Нервозен тетовец претепал референт по моторни возила во станицата за технички преглед на моторни возила во Тетово, заради незадоволство од услугата.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Д.(32) од Тетово, за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Настанот се случил на 29 декември минатата година во Тетово на ул. „Видое Смилевски Бато“ во станицата за технички преглед на моторни возила поради незадоволство при регистрација на возило, кога пријавениот В.Д. започнал вербална расправија со референтот по моторни возила по што физички го нападнал нанесувајќи му телесна повреда.
На оштетениот му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.