Црна хроника
Го застрелале со ловечка пушка додека ги шетал кучињата
Жител на селото Горно Седларце бил застрелан во неделата во 8 часот додека ги шетал своите кучиња помеѓу селата Горно Седларце и Камењане.
Педесет и едногодишниот маж слушнал пукање од ловечка пушка, а потоа почувствувал болка и крварење во пределот на градите и стомакот.Тој успеал да дојде до патот каде со автомобил поминал соселанец, кој го однел во Клинички центар Тетово каде му била укажана лекарска помош. Констатирани му биле повреди од шест сачми во пределот на градниот кош и абдоменот и бил задржан е на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.