Црна хроника
Го згрешил патот и го фатиле со 25 кгр марихуана на Табановце
Околу 26 килограми марихуана биле запленети во саботата на граничниот премин Табановце при контрола на автомобил „фолксваген“ со којшто управувал педесет и деветгодишен албански државјанин.
Заради сомневање во неговата изјава дека нема ништо за пријавување, царинскиот службеник го селектирал возилото за преглед. При вршење на преглед на внатрешноста од возилото под возачкото и совозачкото седиште, царинските службеници се посомневале дека подот има дупло дно. Теписонот од возилото бил залепен за патосот, па откако царинските службеници ги тргнале двете предни седиште и го одлепиле теписонот и изолацијата, забележале на подот под двете седишта специјално се направени капаци во вид на врати. Кога ги отвориле капаците царинските службеници ги виделе двата специјално направени бункера и од нив извадиле 17 пакетчиња, замотани со кафеава селотејп трака во кои имало марихуана со вкупна тежина од 26 килограми. Сторителот и марихуаната биле предадени на инспектори од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, заради преземање на понатамошни предистражни дејстивија.Од спроведената предистражна постапка, собрани се материјални и вербални докази кои укажуваат дека осомниченото лице марихуаната ја набавил во Албанија, и преку Косово и Македонија требало да ја однесе во Бугарија. Таму требало да се сретне со уште едно лице и заедно марихуаната требало да ја носат за Турција. Меѓутоа возачот го погрешил патот и наместо на граничниот премин Деве Баир, се упатил кон граничниот премин Табановце.Против сторителот, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде изведен пред надлежен истражен судија./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.