Црна хроника
Горела фабрика за паркет во Виница
Во четвртокот, изгорел дел од фабрика за паркет во Виница, при што е предизвикана само материјална штета, а повредени нема, соопшти полицијата.
Имено, во четвртокот, 16 часот во полициската станица Виница било пријавено пожар во фабрика за паркет и брикет „Бор-вуд“ лоцирана во населба Градец сопственост на Б.М. (32). Во пожарот опожарени се таванскиот простор, дрвената кровна конструкција, две машини за обработка на паркет, една машина за пакување на паркет, една машина за калибрирање на паркет како и поголема количина готов паркет и елементи за фриза. Противпожарни екипи од Виница и од Кочани пожарот го локализирале. Причините за настанување на пожарот, како и висината на материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.