Црна хроника
Гостиварци и светиниколчанец криумчареле мигранти од Сирија
Регионалниот центар за гранични работи Север до ОЈО – за организиран криминал и корупција Скопје, поднесена кривична пријава против 41-годишниот С.П. и 21-годишната Т.П., двајцата од Гостивар со место на живеење во Гевгелија, како и 42-годишниот Г.Ф. од Свети Николе поради основано сомнение за извршени кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти“ и „криумчарење мигранти“.
Пријавените лица биле организирани во група и заедно ги извршувале горенаведените кривични дела во соработка со уште две лица за кои од страна на МВР претходно е поднесена кривична пријава. Судија на претходна постапка на првопријавениот и третопријавениот им изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена, додека на второпријавената и била изречена мерка на претпазливост, односно привремено и била одземена патната исправа.
Имено, на 5-ти април на Автопатот Велес – Скопје, поточно кај Катланово од страна на полициски службеници биле запрени две возила „Фиат Темра“ сопственост на второпријавената а управувано од страна на лице од Гевгелија кое претходно е пријавено и „Опел караван“ управуван од другото лице кое исто така е пријавено претходно.
При извршен преглед во возилата пронајдени се 16 лица илегални мигранти од Сирија. Од обавениот разговор со лицата кои ги управувале двете возила констатирано е дека истите најпрво се договориле со првопријавениот да превезуваат мигранти од Гевгелија до Куманово, а за успешно завршената работа ќе добијат паричен надомест од по 500 евра.
Исто така од разговорот утврдено е дека еден од возачите бил во роднински врски со третопријавениот и на истиот му било понудено заедно со првопријавениот да се приклучи со неговото возило марка „фолксфаген шаран„ како претходница односно чистач на двете возила за сума од 200 евра.
Според документираните сознанија претходниот ден, односно на 4-ти април околу 22.30 часот откако лицата ги преземале илегалните мигранти на излез од Гевгелија првопријавеното и третопријавеното лице со возилото на третопријавеното лице возеле на неколку километри пред нив и им го обезбедувале патот кон Куманово.
За време на патувањето возачите на возилата во кои се превезувале мигрантите цело време контактирале со прво и третопријавеното лице. Откако ја поминале наплатната рампа во Велес, во близина кај Катланово од страна на полициски службеници биле сопрени и приведени во ПС.
Од добиени сознанија утврдено е дека првопријавеното лице подолго време се занимавало со криумчарење на мигранти, неговата улога заедно со второпријавената која е негова ќерка била да им обезбедува возила, пари за гориво и патарини на возачите кои ги превезуваат мигрантите, со цел да стекнат имотно правна корист.
Улогата на второпријавеното лице била да остварува контакт со непознато лице од Авганистан, кој работел во пограничниот реон со Грција во близина на ГП Богородица кој овозможувал илегално префрлување на мигрантите од Грција во Македонија и го договарале времето и местото каде треба да бидат донесени мигрантите./крај/мф/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.