Црна хроника
Гостиварец три дена девојката ја држел затворена во локал
Полицијата трага по 32-годишен гостиварец, кој е осомничен дека три дена без нејзината согласност во локал заклучена ја држел својата 22-годишна девојка, а подоцна таа била оствена пред нејзиниот дом.
Полицијата трага по 32-годишен гостиварец, кој е осомничен дека три дена без нејзината согласност во локал заклучена ја држел својата 22-годишна девојка, а подоцна таа била оствена пред нејзиниот дом.
Во петокот, околу пладнето во Полициската станица Х.М. пријавила дека од страна на И.М. со кого била во љубовна врска околу три дена била противправно држена во угостителски објект во Гостивар, соопшти полицијата.
Девојката последниот ден почувствувала здравствени проблеми, при што нејзиното момче ја однело во Медицинскиот центар Гостивар каде ѝ била укажана лекарска помош, а околу 01,30 часот ноќта таа била оставена пред нејзиниот дом.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на И.М., како и целосно расчистување на случајот за кој засега нема поединости дали врз девојката имало и физичко насилство./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.