Црна хроника
Гостиварец зa 5.000 евра ветувал работа во Белгија и Швацарија
Гостиварец измамил две лица, им ветувал работа во Белгија и Швајцарија. и за тоа им земал 5.000 и 950 евра.
Во ноември 2012 година, гостиварецот им ветил на две лица од Гостивар и од Битола дека ќе им извади работна виза за Белгија или за Швајцарија, за што на сограѓанинот му наплатил 5.000 евра, додека на другото лице му наплатил 950 евра.Измамените работеле неколку месеци во Белгија и Швајцарија во фирма на пријавениот, но истиот не им извадил работна виза и не им ги вратил парите. Против гостиварецот е поднесена кривична пријава за измама./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.