Црна хроника
Грција ги превезува мигрантите од граница во Атина
Грчката полиција утрово на економските мигранти им поделила летоци на неколку јазици со предупредување дека на и околу железничката пруга, каде што е импровизираниот камп на мигрантите кај Идомени, не смее да има ништо.
Економските мигранти од Иран, Пакистан, Мароко, Алжир, Непал со автобуси се пренесувале до Атина, а од таму во земјите од каде што потекнуваат. Дел од мигрантите прифаќаат да бидат вратени назад, а дел велат дека по секоја цена ќе го продолжат патот кон земји членки на ЕУ.
Дел од медиумите јавуваат дека во граничното село Идомени, кое е на петстотини метри од границата со Македонија, се печатат фалсификувани докменти во кои пишува дека земја на потекло е Сирија а се продавале по 300 евра.
Македонија го забрани влезот за економските мигранти и се пропуштаат само беглаците од воените подрачја. Во понеделник на грчката граница се очекува да дојдат силите на ФРОНТЕКС./крај/мф
Извор: mkd.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.